недела, 17 мај 2026

Роналдо е лош губитник, не сакаше да земе сребрен медал – побегна во соблекувалната (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо повторно остана без трофеј во дресот на Ал Наср, а по новото разочарување и уште еднаш покажа дека не знае да биде достоинствен во поразот.

Објавено на

часот

Сподели

Португалската суперѕвезда го доживеа четвртиот пораз по ред во финале со саудискиот клуб, овојпат во завршницата на второто по ранг азиско клупско натпреварување. Во Ријад, Ал-Наср беше поразен од јапонскиот состав Гамба Осака со минимални 1-0.

Моментот на одлука се случи во 30. минута кога Дениз Хумет ја затресе мрежата за водство на јапонскиот тим. Во второто полувреме Роналдо и неговите соиграчи силно притискаа во потрага по израмнување, но одбраната на Гамба Осака остана непробојна и трофејот замина во Јапонија.

По последниот свиреж, камерите го уловија видно разочараниот Роналдо како стои на центарот од теренот. Сепак, најголемо внимание привлече неговиот потег непосредно пред церемонијата, додека остатокот од тимот се упати кон доделувањето на медалите, Роналдо замина директно во соблекувалната.

На социјалните мрежи веднаш се појавија реакции дека искусниот Португалец не сакал да присуствува на врачувањето на сребрениот медал во турнир кој се смета за втор по квалитет во Азија.

Со овој пораз, Роналдо и натаму останува со само еден освоен трофеј откако пристигна во Саудиска Арабија, титулата во Арапскиот клупски шампионат од 2023 година, натпреварување кое не е официјално признаено од ФИФА. Португалецот сѐ уште нема важен трофеј со Ал Наср.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ