петок, 18 јули 2025

Пораз за Ивановски на стартот од Челинџерот во Романија

Македонскиот тенисер Калин Ивановски го заврши настапот на Челинџер 100 турнирот во романскиот град Јаши кој се игра за награден фонд од 145.250 евра.

Објавено на

часот

Сподели

Поуспешен од Ивановски беше вториот носител од квалификациите Германецот Марко Торо, кој мечот го доби со 2-0 во сетови (6-3, 6-4) за 102 минути.

Во првиот сет Торо успеа да направи веднаш брејк и поведе со 2:0 во гемови, а Ивановски во следниот гем на сервис не ривалот не ја искористи брејк шансата. Предноста од 3:0 германскиот тенисер ја зачува до крајот на сетот што го доби со 6:3. Во вториот сет Торо во третиот гем направи брејк и поведе со 2:1 во семови. Сетот „се кршеше“ во осмиот гем кога Ивановски имаше три брејк топки, но германскиот тенисер ја задржа предноста од два гема предност (5:3). Таа предност ја зачува до крајот на сетот што забрши со 6:4 во гемови.

Ивановски следниот настап ќе го има на Челинџер турнир во Сан Марино.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ