петок, 7 ноември 2025

Пелистер загуби од Барселона, но не се посрамоти

Пелистер го доживеа четвртиот пораз во петтото коло од Лигата на шампионите откако загуби од Барселона во Битола со 34-30.

Објавено на

часот

Сподели

Пелистер беше рамноправен во воведниот дел од натпреварот, но како одминуваше времето Барселона ја зголемуваше предноста. На одморот се замина со водство за каталонскиот гигант од 17-13.

Во вториот дел Барселона имаше и седум голови предност, но Пелистер заигра подобро во завршницата и намали на четири голови разлика, конечниот резултат гласеше 34-30.

Најефикасен во редовите на Пелистер беше Дејан Манасков со седум голови, додека Никола Митревски го заврши натпреварот со 13 одбрани. На спротивната страна блесна Ник Хенигман со осум погодоци.

Следниот натпревар на Пелистер во Лигата на шампионите е на гостински терен против Магдебург на 23. октомври.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ