Охрид долго време го мачеше Пелистер, но битолчани во финишот покажаа дека се подобар противник и дојдоа до победата.
Првото полувреме помина во изедначена игра, на одморот Охрид имаше предност од еден гол разлика, беше 12-11.
Неизвесно беше и во добар дел од второто полувреме. Течеше 48. минута кога беше 20-20, а тогаш Пелистер направи серија од 5-0 и си ја заврши работата. Охрид девет минути не можеше да постигне гол. Конечниот резултат беше 27-23.
Финалето меѓу Вардар и Пелистер се игра утре со почеток од 17:30 часот.