недела, 24 мај 2026

Охрид пред најголемиот предизвик во клупската историја

ГРК Охрид вечерва ќе го има најголемиот предизвик во својата историја.

Објавено на

часот

Сподели

Македонскиот тим ќе гостува кај Татабања во првиот натпревар од финалето на Европскиот куп на ЕХФ.

Охриѓани сезонава приредија вистинска сензација на европската сцена и со одличните настапи заслужено стигнаа до битката за трофејот. Тимот на Борис Ројевиќ во полуфиналето по голема драма и седмерци го елиминира Целје, со што обезбеди историско финале.

Татабања ќе ја има фаворитската улога пред својата публика, но Охрид покажа дека знае како да се носи со притисокот и силните противници. За унгарскиот состав настапува и македонскиот репрезентативец Филип Талески, кој минатото лето беше поврзуван со трансфер во охридскиот клуб.

Реваншот ќе се игра на 31 мај во салата „Билјанини извори“, каде веќе владее огромна еуфорија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ