Најголемо внимание привлече враќањето на Мануел Ноер во националниот тим.
Иако искусниот голман се повлече од репрезентацијата пред две години, повторно доби повик и според германските медиуми се очекува да биде прв избор на Мундијалот.
Таквата одлука на Нагелсман не му се допаднала на Оливер Бауман, кој бранеше во квалификациите, но сега најверојатно ќе мора да се помири со улога на резерва. Повик доби и Лерој Сане и покрај проблемите со повреда, додека меѓу изненадувањата на списокот се Максимилијан Бајер и Надием Амири кои не беа дел од претходните собири.







