понеделник, 11 мај 2026

Мусовски даде гол за бод на Сиетл и беше прогласен за играч на мечот! (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Даниел Мусовски го постигна својот прв гол оваа сезона, а тој значеше реми за Сиетл Саундерс против Сан Диего во меч од МЛС.

Фото: X/Seattle Sounders FC

Објавено на

часот

Сподели

Сан Диего поведе уште во 18. минута. Мусовски во игра влезе по 15 минути игра во вториот дел и само за половина час покажа зошто треба да биде стартер.

Македонецот постигна гол во 80. минута за 1-1, што беше и конечен резултат на мечот.

Тој беше прогласен и за играч на натпреварот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ