Наводно, Мурињо и самиот му се понудил на Реал Мадрид, Португалецот очајно сака да води гигант со кој ќе може да ги освојува најголемите трофеи.
Но, последните информации велат дека сега Јирген Клоп е главниот кандидат за нов тренер на Реал Мадрид.
Еден од оние кои се залага за Клоп да го преземе кормилото е Тони Крос кој треба да добие директорска позиција во Реал Мадрид.
Германецот почнува сериозно да размислува да се врати на тренерската работа и да ја прифати понудата од Реал Мадрид.
Трет кандидат е Дидие Дешан кој ќе биде слободен по завршувањето на Светското првенство.






