четврток, 14 мај 2026

Меси одигра одличен меч, МЛС одлучи да не му даде хет-трик! (ВИДЕО)

Лионел Меси игра во голема форма пред Светското првенство, Интер Мајами победи со 5-3 на гостувањето кај Синсинати, а Меси учествуваше во четири од погодоците.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Меси го отвори резултатот во 24. минута и израмни на 2-2 во 55, потоа во 79. му асистираше на Силвети за 3-3, а во самиот финиш, по неговиот удар топката ја погоди главата на противничкиот голман и заврши во мрежата.

Токму тој гол предизвика контроверзи бидејќи МЛС констатираше дека е автогол на голманот на Синсинати, Челентано. Многумина сметаа дека голот треба да му се припише на Меси со што тој би запишал уште еден хет-трик во кариерата, но засега останува одлуката дека е автогол.

Меси во моментов е втор стрелец во МЛС со 11 гола на 12 настапи, а забележа и четири асистенции. Заедно со последните два стигна до бројката од 909 гола во кариерата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ