петок, 7 ноември 2025

Македонија против Бугарија на отворањето на Европското првенство

Македонската одбојкарска репрезентација го доби распоредот за Европското првенство, ждрепката сакаше во првото коло да играме против домашната селекција на Бугарија.

Објавено на

часот

Сподели

Спектакл на почетокот на Европското првенство кое ќе се одржи наредната година, Македонија ќе игра против Бугарија во Софија на отворањето. Тоа ќе се случи на 9 септември од 19 часот.

Следниот ден Македонија ќе биде слободна, а потоа на 11 септември од 16 часот во второто коло играме против Украина. Мечот од третото коло ќе го играме на 13 септември против Полска од 19 часот, а два дена подоцна ќе ги одмериме силите со Португалија од 16 часот, наредниот ден во истиот термин против Израел ќе ја заокружиме групната фаза.

Најдобрите четири екипи од четирите групи ќе обезбедат пласман во осминафиналето.

За Македонија ова е четврто учество по ред на континенталниот собир. Европското првенство ќе почне на 9 септември, а ќе заврши на 26 септември. Покрај Бугарија, домаќини се уште и Италија, Финска и Романија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ