Скулптурата е изработена во облик на срце, како симбол на начинот на кој Жота ги прославуваше головите. Таму се и броевите 20 и 30 што браќата ги носеа на дресовите, а испишани се и стихови од навивачка песна посветена на Жота.
Ќе потсетиме, претходно клубот и го повлече дресот со број со „20“, а исто така донесе одлука и во целост неговиот договор да биде исплатен на семејството на Португалецот.







