Овој современ спортски комплекс опфаќа фудбалски терен, кошаркарско и одбојкарско игралиште со полипропиленска подлога, како и фитнес зона опремена со современи реквизити. Со тоа, Куманово добива нов простор кој овозможува услови за спорт и рекреација за сите генерации.
Министерот за спорт, Борко Ристовски, истакна дека проектот во Куманово е дел од пошироката стратегија за инвестирање во спортот и создавање современи услови за тренинг, натпревари и рекреација низ целата државата.
„Тоа што го ветивме – го исполнивме во рекордно време. Куманово доби современ спортски центар со мултифункционални игралишта и фитнес зона, простор кој ќе биде место за спорт, здрави навики и дружење. Министерството за спорт интензивно вложува во изградба и реконструкција на спортската инфраструктура, за спортот да биде достапен за сите – изјави министерот Ристовски.
Со овој проект, Министерството за спорт уште еднаш ја потврдува својата определба дека вложувањето во спортот е вложување во здравјето и иднината на граѓаните.







