недела, 3 мај 2026

Зекири го одби повикот за Македонија, сака да игра за Косово, но КФСМ ќе се обиде да го блокира

Објавено на

часот

Сподели

20-годишниот кошаркар кој настапува за косовскиот тим Приштина, не се појави на првиот собир на кошаркарската репрезентација и нема да биде дел од престојните мечеви против Шпанија и Украина.
 
Генералниот секретар на КФСМ, Владимир Георгиевски вели дека ќе преземат конкретни чекор за Зекири да не заигра за Косово.
 
На собирот се појавија сите повикани освен Лејсон Зекири. Со него немаме официјален контакт, но неофицијално дознаваме дека тој сака да игра за Косово. Потенцирам дека ова е неофицијална информација. Контактиравме со негови блиски, се обидовме да го добиеме за да разговараме“, вели Георгиевски.
 
„Ние немаме многу млади кошаркари па да дозволуваме да играат за други држави. Досега не дозволуваме кошаркари кои поседуваат наш пасош да играат за други репрезентации. Засега размислуваме да не ја одобриме дозволата за настап ако таа дојде. Тоа секако нема да застане тука. Политиката на ФИБА малку е ограничена и малку ни се врзани рацете. Но ќе се потрудиме тоа да не се случи и да биде пример за другите“.
 
Зекири играше за младинските селекции на Македонија, а беше дел и од МЗТ Скопје и Гостивар.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ