Стеф Кари е во центарот на вниманието, кошаркарот на Голден стејт сруши голем рекорд откако синоќа по 2.974 пат погоди тројка во својата НБА кариера.
Претходниот рекорд го држеше Реј Ален, но сега името на Стеф Кари е запишано како најдобриот тројкаш во историјата на лигата.
Congrats to @StephenCurry30 of the @warriors for becoming the NBA’s ALL-TIME LEADER in threes made! #NBA75 pic.twitter.com/4gn5srUXve
— NBA (@NBA) December 15, 2021
Голден стејт со 105-96 победи на гостувањето кај Њујорк, а Кари со 22 поени беше најдобар во својот тим. Најефикасен на мечот беше домашниот кошаркар, Рендл кој постигна 31 поен.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=FyYDXNqHEXQ autoplay:0]
Резултати:
Бруклин – Торонто 131:129
Њујорк – Голден стејт 96:105
Портланд – Феникс 107:111






