Македонскиот тим не го отвори најдобро натпреварот, првото полувреме му припадна на противникот кој по 20 минути игра имаше предност од 45-35, но работите се променија во вториот дел.
МЗТ Скопје значително ја поправи прецизноста во продолжението од мечот, постигна дури девет тројки, од кои шест беа на Адам Мекиќ кој имаше само две промашувања. Предноста на Хелиос брзо се топеше, на почетокот од последниот период нашиот тим го презема водството и постојано го зголемуваше за на крајот да слави сигурна победа од 94-88.
Најдобар во составот на МЗТ Скопје беше Американецот Вер кој постигна 23 поени, Рикиќ реализираше 21, а Мекиќ 20. Кај Хелиос најдобар беше Ферм со 20 поени.
Вториот меч на турнирот во Сараево, МЗТ Скопје ќе го одигра против домашниот тим на Спарс.






