вторник, 14 април 2026

Мемфис урна голем рекорд, ја победи Оклахома со 73 разлика (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Мемфис го избриша паркетот со Оклахома, неверојатна победа која ќе остане запишана во историјата на НБА.
 
Победата од 73 разлика е највисоката досега. Претходниот рекорд го држеше Кливленд кој во 1991 година го победи Мајами со 68 разлика, 148-80.
 
Мемфис урнаа уште еден рекорд, најмногу постигнати поени на еден натпревар, 152. Претходниот рекорд беше на Голден стејт, 144 во 2007 година.
 
Интересно, иако постигнаа 152 поени, ниту еден кошаркар немаше над 30 поени. Тоа беше фантастична тимска игра. Најефикасен беше Џексон со 27 поени, дури девет кошаркари имаа двоцифрен број на поени и буквално сите се запишаа во листата на поентери.
 
[video:https://www.youtube.com/watch?v=DzQWfcQAbII autoplay:0]
 
Резултати:
 
Њујорк – Чикаго 115:119
Торонто – Милвоки 97:93
Мемфис – Оклахома 152:79
Феникс – Детроит 114:103
Портланд – Сан Антонио 83:114
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ