На првиот натпревар во „Крипто ком“ арената како што отсега ќе се вика Стејплс центар, Лос Анџелес Лејкерс беше поразен од Бруклин.
На крајот од третата четвртина Бруклин имаше 20 поени разлика, а на почетокот од последниот период поведе и со 107-84. Но следуваше луда серија на Лејкерс по која го изедначија резултатот на 115-115.
Но откако стигнаа до изедначувањето на 115 поени и останаа, Бруклин постигна уште седум до крајот на мечот и победи со 122-115.
Леброн Џејмс беше најефикасен на теренот со 39 поени, Џејмс Харден беше лидер во победата на Бруклин со трипл-дабл, 36 поени и по 10 скока и асистенции, одличен беше и Милс кој постигна 34 поени.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=KhNBuXFK2rs autoplay:0]
Во дуелот меѓу двата најдобри тима во лигата оваа сезона, Феникс и Голден стејт, гостите победија со 116-107.
Стеф Кари со 33 поени беше најдобар во составот на Голден стејт, кај Феникс Крис Пол реализираше 21.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=GlETiyZYXDk autoplay:0]
Резултати:
Њујорк – Атланта 101:87
Милвоки – Бостон 117:113
Феникс – Голден стејт 107:116
ЛА Лејкерс – Бруклин 115:122
Јута – Далас 120:116






