Иако победата е од само четири поени разлика, Лејкерс играше доминантно во најголемиот дел од мечот, имаше водство и од 19 поени разлика.
Покрај Леброн Џејмс, добар меч имаа и останатите кошаркари од ѕвезденото трио. Леброн постигна 33 поени, Вестбрук 25, Дејвис 24. Најдобар кај Детроит беше Грант со 32 поени.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=r7tpglvHe10 autoplay:0]
Резултати:
ЛА Клиперс – Голден стејт 90:105
Индијана – Милвоки 100:118
Мемфис – Сакраменто 128:101
Торонто – Бостон 97:109
ЛА Лејкерс – Детроит 110:106






