недела, 3 мај 2026

ЛА Лејкерс убедлив против Бостон, Далас испушти 17 поени предност против Бруклин (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Во дуелот на двата тима со најмногу титули во НБА лигата, ЛА Лејкерс беше поуспешен од Бостон со 117:102. Мечот беше решен во третата четвртина која „езерџиите“ ја добија со 31-20.

Леброн Џејмс мечот го заврши со 30 поени, но имаше голема помош од Вестбрук и Дејвис, „големата тројка“ вкупно реализираше 71 поен.

Тејтум беше најдобар поединец на мечот со 34 поени, но недостасуваше придонесот од другите кошаркари на Бостон.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=QrR0md03bAU autoplay:0]

Далас дома загуби од Бруклин со 99:102, „маверикс“ на паузата заминаа со +12, во третиот период имаа и највисока предност од 17 поени, но со катастрофална последна четвртина ја испуштија победата.

Во четвриот период, Далас постигна само 13 поени, во завршните 3:51 минути не реализираше ниту еднаш од отворена игра, па Бруклин предводен од Дурант и Харден ја однесе победата.

Лука Дончиќ беше прв стрелец со 28 поени, Дурант постигна 24 поени, додека пак Харден еден помалку.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=UiLSi0_j4v0 autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ