понеделник, 4 мај 2026

Јокиќ со извонредна партија го предводеше Денвер до триумф, Далас победува без Дончиќ (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Никола Јокиќ имаше уште една одлична партија со која му донесе триумф на Денвер, овојпат против Вашингтон.
 
Денвер водеше буквално во текот на целиот меч, во еден момент од третата четвртина стигна и до предност од 33 поени разлика, но Вашингтон во последниот период успеа да дојде до пристоен пораз од шест разлика, 113-107.
 
Јокиќ на теренот се задржа 30 минути за кои постигна 28 поени, имаше дури 19 скокови и 9 асистенции. Најдобар кај Вашингтон беше Бертранс со 21 поен.
 
[video:https://www.youtube.com/watch?v=U29yZSx-_cM autoplay:0]
 
Србинот не го доигра мечот бидејќи беше исклучен на шест минути до крајот откако влезе во конфронтација со судиите поради недосуден фаул.
 
[video:https://www.youtube.com/watch?v=0VW9GeO0lwo autoplay:0]
 
Далас на втор меч по ред игра без Лука Дончиќ кој е отсутен поради повреда, но на тие два меча забележаа и две победи. Синоќа го совладаа убедливо Шарлот со 120-96.
 
Најдобар беше Порзингис со 24 поени и 13 скокови, Бурк постигна 22 поени. Најдобар кај Шарлот беше Розиер со 20 поени.
 
[video:https://www.youtube.com/watch?v=lhYNE30Lr9g autoplay:0]
 
Резултати:
 
Кливленд – Мајами 105:94
Индијана – Голден стејт 100:102
Торонто – Сакраменто 124:101
Атланта – Хјустон 126:132
Бостон – Милвоки 117:103
Мемфис – Филаделфија 126:91
Далас – Шарлот 120:96
Денвер – Вашингтон 113:107
ЛА Клиперс – Феникс 111:95
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ