Поради инцидентот на мечот со Мајами, Јокиќ беше суспендиран на еден натпревар, но тоа е минато, синоќа имаше одличен настап.
Јокиќ постигна 22 поени, имаше 19 скокови и 10 асистенции, поефикасен од него бешеГордон со 23 поени. Најмногу уфрли ѕвездата на Атланта, Тре Јанг, 30 поени.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=DW0YsQpTkZM autoplay:0]
Блескава партија имаше и Лука Дончиќ кој исто така реализираше трипл-дабл, Далас со 123:109 победи на гостувањето кај Сан Антонио.
Дончиќ беше најдобар на теренот, постигна 32 поени, имаше 12 скока и 15 асистенции, Порзингис постигна 32 поени.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=s0ev8UV3v9o autoplay:0]
Резултати:
Шарлот – Њујорк 104:96
Бостон – Милвоки 122:113
Кливленд – Детроит 98:78
Хјустон – Портланд 92:104
Мемфис – Феникс 94:119
Њу Орлеанс – Бруклин 112:120
Оклахома – Сакраменто 105:103
Сан Антонио – Далас 109:123
Денвер – Атланта 105:96
Голден стејт – Чикаго 119:93
ЛА Лејкерс – Минесота 83:107






