Благодарение на одличната игра во последната четвртина која ја добија со 32:18, Далас излезе како победник во дуелот со Денвер.
Најдобар на теренот беше Никола Јокиќ кој реализираше 35 поени, имаше и 16 скокови и 6 асистенции.
На спротивната страна Лука Дончиќ постигна 23 поени, имаше 11 асистенции и 8 скокови, дабл-дабл учинок имаше и Порзингис кој постигна 29 поени и 11 скокови.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=6lV23Y9s7YA autoplay:0]
Резултати:
Кливленд – Бостон 92:98
Детроит – Сакраменто 107:129
Вашингтон – Њу Орлеанс 105:100
Атланта – Орландо 129:111
Њујорк – Индијана 92:84
Далас – Денвер 111:101
Мемфис – Хјустон 136:102
Минесота – Феникс 96:99
Оклахома – Мајами 90:103
Портланд – Торонто 118:113
ЛА Лејкерс – Чикаго 103:121






