Денвер и Јокиќ имаат одличен старт на новата сезона, две победи од два меча, а српскиот кошаркар беше најдобар и на двата дуели.
Синоќа против Сан Антонио, Јокиќ постигна 32 поени, имаше и 16 скокови. Во гостинскиот тим Џонсон беше најдобар со 27 поени.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=-i2psp-My1I autoplay:0]
Лејкерс е еден од главните фаворити за титулата оваа сезона, но имаат лош старт, со два порази. Синоќа загубија од Феникс.
Загубија со 10 разлика (105-115), но можеше да им се случи и вистински дебакл бидејќи во еден момент во третиот период губеа и со 32 поени разлика (55-87).
Лошата атмосфера во Лејкерс кулминираше со инцидент во кој главните улоги ги имаа Ентони Дејвис и Двајт Хауард кои за време на мечот се степаа меѓусебе. (Инцидентот можете да го видите на овој ЛИНК).
Леброн Џејмс постигна 25 поени, Дејвис реализираше 22 поени, имаше и 14 скокови. Кај Феникс најдобар беше Крис Пол со 23 поени и 14 асистенции.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=26WjUzRPtzo autoplay:0]
Резултати:
Кливленд – Шарлот 112:123
Орландо – Њујорк 96:121
Вашингтон – Индијана 135:134
Бостон – Торонто 83:115
Филаделфија – Бруклин 109:114
Чикаго – Њу Орлеанс 128:112
Денвер – Сан Антонио 102:96
ЛА Лејкерс – Феникс 105:115
Сакраменто – Јута 101:110






