Феникс како минатогодишен финалист влезе како фаворит во овој дуел и добро почна, по првите две четвртини имаа водство од 58-51, но работите се променија во вториот дел.
Денвер заигра многу подобро, ја анулираше негативата и на крајот дојде до убедлив триумф од 12 поени разлика, 110-98.
Никола Јокиќ имаше дабл-дабл учинок со 27 поени и 13 скокови, Бартон постигна 20 поени, кај Феникс најдобар беше Бриџис со 16 поени, Ајтон и Крис Пол реализираа по 15.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=Ouvbz85cZ4I autoplay:0]
Резултати:
Шарлот – Индијана 123:122
Детроит – Чикаго 88:94
Њујорк – Бостон 138:134
Торнто – Вашингтон 83:93
Мемфис – Кливленд 132:121
Минесота – Хјустон 124:106
Њу Орлеанс – Филаделфија 97:117
Сан Антонио – Орландо 123:97
Јута – Оклахома 107:86
Феникс – Денвер 98:110
Портланд – Сакраменто 121:124






