Македонија во Киев одигра одлично прво полувреме и катастрофално второ по кое доживеавме убедлив пораз од 78-61.
„Честитки за Украина за победата. Морам да ги пофалам момците за првото полувреме кога е во прашање. Имавме краток период на подготовка за овој меч. Ги испочитувавме работите за кои се договоривме во поголемиот дел од мечот. Влеговме во дуелот со еден спор ритам. Не дозволивме Украина да се разигра, менувавме одбрана, имавме контрола на играта, го држевме и скокот под контрола, немавме грешки“, изјави Бајиќ по натпреварот.
„Но во вториот дел снемавме енергија. Можеби напорниот пат си го направи своето. Така ја загубивме концентрацијата и се распадна се што градевме претходно. Фокусот и концентрацијата на крајот одлучија за конечниот резултат. Шпанија и Украина беа доста тешки натпревари за нас. Мора да одиме понатаму, има уште натпревари да се играат и во февруари се надевам дека ќе бидеме комплетни. Ни недостасуваат пет играчи, тоа е многу и ни прави проблем во подготовката на натпреварите“.






