Милвоки водеше во текот на целиот меч, имаше и 29 поени предност, Орландо до крајот на натпреварот успеа само да намали на едноцифрена разлика.
Адетокумбо имаше 32 поени зачинети со фантастични 20 скокови, имаше и пет асистенции. Одлична партија имаше и Портис со 24 поени и 15 скокови. Во составот на Орландо, Хамптон постигна 19 поени.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=m660kzepIwk autoplay:0]
Резултати:
Њујорк – Хјустон 106:99
Индијана – Њу Орлеанс 111:94
Вашингтон – Мајами 103:100
Атланта – Шарлот 115:105
Бостон – Оклахома 111:105
Милвоки – Орландо 117:108
Минесота – Мемфис 138:95
Портланд – Филаделфија 118:111
Сакраменто – Јута 105:123






