понеделник, 11 мај 2026

Ќе има големи промени во Реал Мадрид, само седум фудбалери се сигурни

Реал Мадрид завршува втора сезона по ред без освоен трофеј, поради тоа е вклучен алармот во клубот и се очекуваат големи промени ова лето.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Најсигурна е промената на тренерската позиција, Алваро Арбелоа ќе замине, а на негово место најверојатно ќе дојде Жозе Мурињо.

Што се однесува до играчкиот кадар, таму исто се очекуваат промени. Според некои медиуми, само седум играчи се сигурни, тоа се: Тибо Куртоа, Андреи Лунин, Џуд Белингем, Феде Валверде, Арда Ѓулер, Килијан Мбапе и Ендрик.

Винисиус не е вклучен во листата поради тешките преговори кои се водат за продолжување на неговиот договор. Барањата од таборот на Бразилецот се преголеми дури и за Реал Мадрид. Неговата иднина е неизвесна.

Се очекува поголем дел од играчите кои не се на овој список да останат, но дел од нив ќе заминат, а ќе дојдат нови фудбалери.

Во текот на следната сезона Реал Мадрид со Жозе Мурињо планира да воведе многу построги правила за однесувањето на фудбалерите, да бара поголема дисциплина и залагање на теренот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ