Бојан Трајкоски дојде до второто место во категоријата 7-8 години ката индивидуално, а ист пласман имаше и Стефан Митевски во категоријата 8-9 години ката индивидуално.
Борјан Маркоски и Огнен Ѓорѓевиќ, 8-9 години ката индивидуално, се најдоа на третата позиција, а екипата во состав: Бојан Трајкоски, Огнен Ѓорѓевиќ и Стефан Митевски, освои прво место и стана Светски шампиони во ката екипно.
На второ место се најде Виктор Јовановски, 10-11 години ката индивидуално, додека Јоана Георгиевска, 10-11 години ката индивидуално, дојде до третото место.
Настапи и Саша Крајчевска, која за жал не освои медал, но имаше фантастична изведба со која демонстрираше вистинска борба и желба за победа, информираа од ШКК Јошитака.
На вториот ден од првенството Ведран Ѓорѓевиќ, 12-13 години, ката индивидуално, дојде до второто место, потоа Софиа Цивкароски, 12-13 години, ката индивидуално, се најде на третата позиција, а Симона Трајкоска беше првопласирана во категоријата ветеранки 35-44 години, ката индивидуално.
Свој настап имаа и Марко Коруновски, Мона Ангеловска и Симеона Митревска, сите имаа супер изведби и објавија од клубот.







