Својот деби настап во квалификациите од елитното натпреварување Јанта Волеј го круниса со победа.
Македонскиот тим го доби првиот сет со 25-21, но во вториот гостинките од Босна и Херцеговина возвратија со иста мера, тие го добија сетот со 25-21 за израмнување на 1-1.
Јанта Волеј го врати водството откако го доби третиот сет со 25-22, но одбојкарките на Гацко не се откажуваа, беа подобри со 25-20 и изедначија на 2-2.
Натпреварот влезе во трет решавачки сет кој изобилуваше со драма по која на крајот се радуваа нашите одбојкарки. Сетот го доби Јанта Волеј со 18-16 за победа од 3-2.
Мери Бошковска со 23 поени беше најефикасна во Јанта Волеј и беше прогласена за играч на мечот, одлична беше и Ледесма со 13 поени, нејзин и победничкиот поен.
Реваншот меѓу Гацко и Јанта Волеј е закажан за 29 октомври од 18 часот.






