сабота, 15 ноември 2025

Ѓоковиќ двапати поврати на мечот против Хафман (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ синоќа со големи маки го совлада германскиот тенисер Хафман, Србинот двапати повраќаше.

Објавено на

часот

Сподели

Првиот пат не беше многу сериозно, тоа го направи во аголот од теренот, но вториот, на пауза меѓу два гема, мораше да поврати покрај својата клупа.

Се верува дека причина се временските услови, пред се големата влажност во воздухот. Ѓоковиќ не е единствениот кој се бори со овој проблем, за време на турнирот во Шангај им се слоши и на уште неколку други тенисери.

Утре Ѓоковиќ го очекува мечот од третото коло против Хауме Мунар од Шпанија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ