вторник, 8 јули 2025

Фудбалер на Арсенал е обвинет за силување на три жени

Томас Парти на кого ова лето му истече договорот со Арсенал и не го продолжи е обвинет за силување и сексуален напад, информираат британските медиуми, а веста е потврдена и од лондонската полиција.

Објавено на

часот

Сподели

Пријавените силувања се случиле во 2021 и 2022 година, а според Би-Би-Си во нив биле инволвирани три жени.

Две точки за силување се поврзани со една жртва, три со втората, додека точката за сексуален напад е со третата жена.

Парти во Арсенал пристигна во летото 2020 и беше дел од тимот до истекот на договорот ова лето. Минатата сезона настапи на 35 натпревари и беше еден од најдобрите играчи на топчиите, па многумина се чудеа зошто не е продолжена соработката со него.

Веројатно од Арсенал биле свесни за обвиненијата кои ги доби фудбалерот, па не пристиснаа за да потпишат нов договор со него.

Фото: EPA Photo

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ