Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини и генералниот секретар Филип Поповски на сајтот на УЕФА беа напишани како Северномакедонци.
Министерството за надворешни работи синоќа испрати официјална реакција до УЕФА и објаснување дека во графата за националност треба да стои „Македонец“.
УЕФА брзо ја поправи грешката и направи корекција во графата за националност.







