Според многумина, судијата погреши кога досуди пенал за Англија, речиси целио свет освен фановите на Англичаните велат дека немало пенал. Стерлинг врз кого беше направен наводниот фаул вели дека одлуката била исправна.
„Влегов во шеснаесетникот и Меле ја испружи ногата и ја допре мојата нога, беше чист пенал“, вели Стерлинг.
„Одлигравме одличен натпревар. Навистина требаше добро да се испотиме, ова беше прв меч на кој примивме гол. Но на крајот успеавме, победивме“.
„Знаевме дека треба да останеме смирени. Знаевме дека со агресивноста која ја покажувавме, ќе ја завршиме работата. Го добивме тој пенал на крајот и победивме“.






