Како што пренесуваат медиумите, Кејра Хамрауи била нападната минатата недела, кога по една вечера организирана од страна на ПСЖ, се враќала дома со две свои соиграчки, помеѓу кои и Амината Дијало, која возела.
Две маскирани лица ја извадиле Кејра Хамрауи од автомобилот и со метални прачки почнале да ја удираат по нозете и рацете. Таа подоцна била пренесена во болница каде и била укажана помош и и биле санирани повредите.
На полицијата и било сомнително тоа што напаѓачите не одзеле ништо, па веднаш исклучиле дека станува збор за грабеж и се насочиле кон други мотиви. По неколку дена истрага, утрово била уапсена Амината Дијало, таа се сомничи дека го организирала нападот.
Имано, Кејра Хамрауи и Амината Дијало играат на иста позиција, па Амината Дијало на ваков суров начин се обидела да си обезбеди поголема минутажа.
Дијало синоќа беше стартер на мечот против Реал Мадрид во Лигата на шампиони, додека пак Хамрауи беше надвор од составот.






