Не требаше многу за Швајцарија да направи уште една сензација на ЕП, но овој пат беа полоши изведувачи на пеналите и го загубија мечот.
Шпанија тргна одлично, по шут на Алба уште во осмата минута, Закарија си постигна автогол за водство од 1-0.
Во 68. минута Џердан Шаќири постигна гол за израмнување на резултатот.
Десет минути подоцна поради опасен старт Фрулер заработи црвен картон, Швајцарија остана со играч помалку.
Се редеа шанси пред голот на Зомер, но швајцарскиот голман беше одличен, сопре се што можеше да се одбрани и го однесе мечот во пенали.
Во пенал серијата Швајцарците беа многу полоши отколку на мечот со Франција, промашија дури трипати од четири обиди, Шпанија даде три гола и победи.
Швајцарија може со крената глава да си замине од Европското првенство, одиграа одличен турнир.
Шпанија во полуфиналето ќе игра против победникот од дуелот меѓу Белгија и Италија.






