петок, 24 април 2026

ПСЖ го потврди големото засилување од Интер, Хакими потпиша нов договор

Објавено на

часот

Сподели

Хакими беше еден од најдобрите фудбалери на Интер во шампионската сезона, но понудата од 71 милион евра на ПСЖ не се одбиваше.
 
„ПСЖ со задоволство може да го соопшти трансферот наа Ашраф Хакими. 22-годишниот марокански десен бек кој исто има и шпанско државјанство, потпиша петгодишен договор и се обврза да остане во францускиот главен град до 30 јуни 2026 годидна“, стои во официјалното соопштение на ПСЖ.
 
Пред една година Хакими во Интер дојде од Реал Мадрид за 40 милиони евра, па нероазурите може да се пофалат дека направиле профит повеќе од 30 милиони евра со неговата продажба, но загубија квалитетен играч.
 
Во 45 настапи за Интер во сите натпреварувања, Хакими постигна седум голови, имаше и 11 асистенции. Тоа е фантастична статистика за бек.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ