Шкендија не успеа да ја искористи предноста како домаќин, загуби на Арената „Тодор Проески“ во Скопје од словенечка Мура.
Во 28. минута при еден прекршок направен од Кривак, судијата покажа на пенал, а Лука Бобичанец погоди за водство од 1-0 на Мура.
Пред крајот на првото полувреме и Шкендија доби пенал, но Бесарт Ибраими не го погоди голот од белата точка, не успеа да го изеначи резултатот.
Во вториот дел Шкендија се обидуваше да дојде до израмнување, но лесно можеше и Мура да го зголеми иводството, имаа неколку шанси, а и поништен гол поради офсајд.
Во судиското продолжение Шкендија имаше две убави шанси за израмнување, но Мура на голот го имаше фантастичниот Обрадовиќ кој имаше две прекрасни интервенции.
Реваншот се игра во Словенија на 13. јули.






