петок, 24 април 2026

Нова трагедија: Сестрата на Емилијано Сала е во критична состојба во болница

Објавено на

часот

Сподели

Ромина Сала, сестрата на трагично починатиот фудбалер Емилијано Сала, е во критична состојба во болница во Аргентина, се верува дека таа се обидела да се самоубие.

29-годишната Ромина Сала, мајка на 6-годишен син, во понеделникот била најдена во несвест во нејзиниот дом, пријателка поминала да ја види како е, откако добила загрижувачки пораки на „Вотсап“.

Извори од болницата за весникот „Ла Насион“ брифираат дека Ромина е на респиратор и во критична состојба.

„Работиме напорно со група на специјалисти и се обидуваме да ѝ го спасиме животот“, вели изворот.

Емилијано Сала трагично го загуби животот во 2019 кога авионот со кој патуваше од Нант во Кардиф, каде што требаше да почне нова фудбалска авантура, се урна во Англискиот канал.

Три месеци по несреќата, почина и неговиот татко Орасио Сала, кој не можеше да се помири со смртта на својот син и тагата му предизвика срцев удар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ