петок, 24 април 2026

Николов: По натпреварот против Холандија, Мурињо му се јави на Пандев и сите почнавме да плачеме!

Објавено на

часот

Сподели

Горан Пандев стави крај на репрезентативната кариера со настап на Европското првнество, неговиот натпревар против Холандија беше последен во „црвено-жолтиот“ дрес.

Напаѓачот доби честитки од сите страни а Бобан Николов сега раскажа интересна случка од Амстердам.

„По дуелот со Холандија, со автобус се упативме кон хотелот. Пристигнавме пред хотелот и пред да го напуштиме автобусот, Мурињо го побара Горан преку видео-повик. Мурињо почна да му зборува и заплака. Почнавме да плачеме и јас и Стефан Ристовски… сите заедно плачевме. Беше многу емотивно, кога една легенда како Мурињо се обраќа на тој начин“ – открива Бобан Николов во емисијата „Лазаров“.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=eqmhu6iOZ9Q&t=563s autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ