петок, 24 април 2026

Мурињо е полн со пофалби за италијанската репрезентација, жали за повредата на Спинацола

Објавено на

часот

Сподели

На „ТокСпорт“ каде што е аналитичар, Мурињо главно зборува за англиската репрезентација, но овој пат имаше дел во кој говореше и за Италија.
 
„Државата е многу приврзана со националниот тим. Сега сум во карантин во Рим, во клупскиот тренинг центар, но можам да почувствувам од тука дека секој не само што е возбуден, туку е многу позитивен за тимот“, вели Мурињо.
 
„Тие не играат добро само на ЕП, играа добро и претходно. Миксот во тимот е перфектен, имаат играчи кои знаат како, се бранат добро. Бонучи и Кјелини можат да играат со затворени очи, играат заедно многу години“.
 
„Бековите се силни. Го загубија Спинацола, на кој не може да сметаат, замислете за мене како е. Нема да можам да го имам во тимот околу шест месеци“.
 
„Италија загуби многу добар фудбалер. Емерсон игра сега на таа позиција, тој е добар, искусен играч, но Спинацола играше неверојатно добро“.
 
„Жоржињо дава неверојатна стабилност, Барела, Верати, Локатели… има многу талент таму. Во нападот Имобиле и Белоти, тие не се играчи кои само постигнуваат голови. Головите доаѓаат од различни позиции. Инсиње, Киеза… имаат многу добар дух во тимот“.
 
„Стручниот штаб е многу комплетен. Манчини е опкруржен со пријатели со неверојатно искуство кои знаат како. Вијали е фантастичен, Ориали, Ломбардо… сите тие креираат мнгу добра атмосфера“.
 
„Зборував со Спинацола и ми кажауваше за вербата која ја имаат таму. Нема да речам дека 100 проценти ќе играат во финалето. Имам голема почит кон Шпанија, но не мислам дека тие се силни како Ииталија, но имаат талент, имаат начин на игра“.
 
„Се сеќавате на финалето на ЕП кога сите очекуваа Италија да освои, а Шпанија растури“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ