Лео Меси неколку дена веќе не е фудбалер на Барселона откако истече неговиот договор на 30. јуни. Преговорите за продолжување на соработката се водат со месеци, но никако да пристигне абер за нов договор.
Низ медиумите кружат многу гласини за тоа каде запнале работите и се верува дека спорна е структурата на договорот (Барса треба да го плаќа Лео Меси пет години иако тој ќе игра само две).
Даночниот советник Рамон Алварез де Мон сега вели дека Аргентинецот би можел да заврши зад решетки поради новиот договор. Напаѓачот еднаш веќе е осуден за даночна измама, но тогаш куртули од затвор, сепак повторување на делото сега ќе значи затворска казна.
„Доколку Меси игра две години а добива плата пет години (три години како амбасадор во САД) ќе добива плата за тоа што играл во Барселона, но нема да биде резидент, па нема да плаќа данок во Шпанија или ќе плаќа помалку во споредба со тоа што би го плаќал како резидент, па даночните власти сигурно ќе го стават договорот под лупа и можат да покренат постапка за даночна измама“ – вели Алварез де Мон.
„Со оглед на тоа дека Меси еднаш веќе е осуден за даночна измама, во случај да го повтори делото, ќе заврши во затвор“.
Барса исто така се соочува со уште еден проблем, односно како договорот на Лео Меси да влезе во лимитот за „селари-кап“ наметнат од Ла Лига.
„Барса мора да тргне 400 милиони евра од сметката за плати за Лео Меси да добие договор од 100 милиони“.






