петок, 24 април 2026

Ливерпул не го пушти Салах да игра за Египет на Олимписките игри

Објавено на

часот

Сподели

Ливерпул ја информирал Фудбалската федерација на Египет дека нема да го пуштат Мохамед Салах да игра на Олимпијадата.

Клубовите не се обврзани да ги ослободат играчите за настап на Олимписките игри, тоа натпреварување не е дел од официјалниот календар на ФИФА. Ливерпул ја користи таквата позиција, и одбива да го пушти Салах.

„Уште одамна почнавме разговори со нив бидејќи Салах сакаше дад игра на Олимписките игри, но не беше јасен одговорот од Ливерпул“, вели Ахмед Мегахед, претседателот на Фудбалската федерација на Египет.

„Во јуни знаев дека нема да го пуштат. Во секој случај ја почитуваме нивната одлука“.

„Мохамед сакаше да игра во Токио. Зборувавме, дадов се од себе да игра, тој ќе ни беше клучниот играч на Олимпијадата. Но Ливерпул одби, и мораме се помириме со тоа“.

На Олимписките игри фудбалските селекции се составени од играчи до 23 години, со можност тројца да бидат повозрасни од таа граница. Овој пат поради пандемијата, границата е поместена на 24 години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ