петок, 24 април 2026

Кјелини ги доби пеналите за Италија уште пред тие да почнат да се шутираат (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Искуството на Кјелини е огромно, капитенот на Италија знае колку е битна психологијата во натпревари како вчерашниот па реши да одигра и на таа карта.

По крајот на продолженијата, додека се одлучуваше на која страна ќе се шутира и кој прв ќе изведува пенал, Кјелини покажа голема самодоверба и почна да се шегува со Алба и судиите. Изгледаше малку и како луд во тие моменти, вообичано не се однесува така, па очигледно беше дека сака да влијае психолошки врз противникот.

На крајот Италија подобро ги изведе пеналите, а многумина голем дел од заслугите му препишуваат на Кјелини и на овој негов гест.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ