петок, 24 април 2026

Италија е првиот финалист на Европското првенство! (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Италија е првиот финалист на Европското првенство откако го добија мега мечот против Шпанија. Пеналите го решаваа победникот, а во нив Италијаните беа подобри.
 
Шпанија подобро го почна мечот, Шпанците доминираа на теренот во првото полувреме, но Италија одлично се бранеше и не дозволуваше противникот да создава чисти шанси.
 
Дани Олмо во 25. минута имаше убава можност, но Донарума го одбрани неговиот удар.
 
Пред крајот на првиот дел Емерсон се обиде од осо, но ја погоди пречката. Лесно можеше да се случи Италија да поведе и покрај доминацијата на Шпанија.
 
Во вториот дел Италија се отвори повеќе а тоа резултираше со водство, во 60. минута Федерико Киеза постигна убав гол за голема радост, 1-0 за Италијаните.
 
Но, на десет минути до крајот Алваро Мората по едно убаво додавање од Олмо го изедначи резултатот на 1-1.
 
Со тој резултат заврши мечот, па се замина во продолженија. Немаше победник ниту по 120 минути игра, пеналите требаше да го решаваат победникот.
 
Пенал серијата тргна со промашувања, прво Локатели, а потоа Олмо на спротивната страна. Потоа за Италија беа успешни Белоти, Бонучи  Бернардески, за Шпанија погодија Морено и Алкантара, но Мората промаши, Донарума го одбрани неговиот удар.
 
Жоржињо ја имаше честа да ја донесе големата победа, одличниот пеналџија од Челси не промаши, постигна гол и радоста можеше да почне, Италија се пласираше во финалето, а таму ќе го чекаат подобриот од утрешниот меч меѓу Англија и Данска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ