четврток, 23 април 2026

Италија е незапирлива, ја исфрли и Белгија и дојде до полуфинале со Шпанија (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Италија слави уште една голема победа, триумф над силната Белгија која е прворангирана на ФИФА листата.
 
Тимот на Манчини реди победи, досега нема препрека која може да го запре, а следната и последна пред финалето е Шпанија.
 
Италија ја затресе мрежата на Белгија уште во 13. минута но ВАР го поништи голот на Бонучи поради офсајд.
 
Сепак не помина долго до признат гол за Италијаните, во 31. минунта Барела со маестрален влез постигна гол за водство од 1-0.
 
Во 44. минута Инсиње со прекрасно пласирана топка од далечина донесе водство од 2-0 за Италија.
 
Сепак првото полувреме не заврши со овој резултат, во судиското продолжение беше досуден пенал за Белгија кој го реализираше Лукаку за 2-1.
 
Во второто полувреме Белгија се обидуваше да дојде до изедначување, но Италија одлично го контролираше натпреварот.
 
Црна дамка во оваа победа беше повредата на Спинацола, бекот на Рома кој беше еден од најдобрите играчи на ЕП во плач беше изнесен на носилки во 79. минута. Самиот се повреди, веројатно заврши турнирот за него.
 
Токму тој претходно спаси гол од Лукаку, тоа беше најголемата шанса на Белгија за израмнување.
 
На крајот Италија заслужено се радува на големата победа и пласманото во полуфиналето каде ќе игра против Шпанија.
 
Оваа златна генерација на Белгија не успеа и на уште едно големо натпреварување да освои нешто.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ