Македонија на 11. ноември гостува во Ереван кај Ерменија, а три дена подоцна во Скопје го пречекуваме Исланд, тоа се и последните два меча од овој квалификациски циклус.
„Ова се два многу значајни натпревари за нас, и се надевам дека со добра игра ќе успееме да ги победиме. Треба да бидеме сплотени како едно и да играме офанзивен фудбал. Во последните натпревари и среќата не беше на наша страна, но се надевам дека во следните мечеви ќе ни се врати тоа што го загубивме“, вели Ашковски.
Бојан Миовски знае дека реализацијата во нападот мора да се подобри, тој е еден од играчите од кои ќе се очекуваат голови.
„Ни следуваат два важни натпревари, последни во овие квалификации и се додека имаме теоретски шанси ќе се бориме иако знаеме дека второто место не зависи од нас. Наше е да дадеме се од себе и да ги освоиме шестте бода”, вели Миовски.
„Повредите се дел од фудбалот, имаме проблем со отсутни играчи, но ние кои сме тука ќе го дадеме максиумот и ќе се обидеме да ја оствариме целта. Романија е најголем фаворит за второто место, шанси има Ерманија, но имаме и ние, а се додека имаме ќе се надеваме“.
„Реализацијата ни беше слаба во изминатите натпревари, но ќе се обидеме да ја подобриме, ќе гледаме да бидеме подобри во завршницата од акциите и да постигнуваме повеќе голови“.






