Во Примера има „селари кап“, тој се базира на финансиското работење на клубовите, односно соодносот на приходите и расходите.
Поради големите заработки Реал Мадрид и Барселона постојано имаат поголеми буџети од другите, но расходите на Каталонците доведуваат до голем проблем. Клубот е во минус и според правилата на Примера не можат да ги регистрираат новите засилувања.
Лапорта има сериозни главоболки, никој од актуелните фудбалери не сака да игра за помала плата од таа што им е во договорот, а мака мачат и да продадат некој од играчите, не сакаат да си одат бидејќи никој не им нуди подобри финансии од тие што ги имаат во Барселона.
Барселона ги продаде Конард де ла Фуенте, Жуниор Фирпо и Жан Клер Тодибо, го расина договорот со Матеуш Фернандеш но треба уште.
Од стандардните играчи се верува дека ќе го жртвуваат Гризман, а треба да бидат продадени и Пјаниќ, Умтити и Кутињо.
Клубот треба да ослободи финансиски средства за да ги регистрира Мемфис Депај, Ерик Гарсија и Серхио Агуеро, но и за да го продолжи договорот на Меси.
Во каталонскиот клуб работат напорно да ја решат проблематичната ситуација во која западнаа, но како и дали воопшто ќе можат да го направат тоа, останува да видиме.






