петок, 24 април 2026

Аргентина преку пенали ја помина Колумбија и закажа спектакуларно финале со Бразил (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Лео Меси повторно е на еден натпревар до прва титула со аргентинската репрезентација, трофеј кој му недостасува.

Ноќеска ја совладаа Колумбија на пенали и дојдоа до големото финале против Бразил.

Аргентина поведе уште во седмата минута со гол на Лаутаро Мартинез по асистенција од Меси.

По 15 минути игра во вториот дел, Диаз го изедначи резултатот на 1-1.

И двете селекции имаа шанси за предвреме да го решат победникот, но не беше постигнат трет гол, па пеналите решаваа кој ќе оди во финале.

Во нив брилијантен беше аргентинскиот голман Мартинез, Аргентина од четири шута погоди трипати, а Колумбија од пет обиди реализираше само двапати.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=YL1SVxj_W1M autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ