петок, 24 април 2026

Англија ја помина Данска и за првпат ќе игра во финале на Европско првенство (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Англичаните беа подобар противник и заслужено ја победија Данска, дојдоа на само еден чекор до историската титула од Европските првенства која им недостасува. 
 
Англија тргна добро, офанзивно, уште на стартот ја покажаа желбата за победа, но како одминуваше времето Данска се ослободи од притисокот и стана рамноправна.
 
Во 30. минута Дамсгор имаше прекрасен шут од слободен удар, постигна фантастичен гол за водство на Данска од 1-0.
 
Но радоста на Данците не траеше долго, само девет минути подоцна Симон Кјаер си постигна автогол за израмнување на 1-1.
 
Во второто полувреме Англија беше значително подобар противник, Данска се повлече и тешко создаваше акции.
 
Англичаните доминираа, имаа можности преку Мегваер и Кејн, но Шмајхел беше фантастичен на голот.
 
Резултатот остана непроменет, се премина кон продолженија, а и во нив Англија повторно нападна сакајќи да избегне пеналаи.
 
Клучниот момент се случи во 102. минута кога беше досуден пенал врз Стерлинг. Кејн не реализираше од белата точка, но Шмајхел ја одби топката до напаѓачот на Тотнем кој овој пат не погреши и донесе водство на Англија од 2-1.
 
Англичаните ја задржаа предноста до последниот судиски свиреж по кој можеше да почне радоста за пласманот на нивното прво финале на Европските првенства.
 
Во финалето ќе играат против Италија која синоќа ја победи Шпанија на пенали.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ