недела, 18 јануари 2026

Африкански голман се изнаскока во воздух во неверојатна прослава на решавачки гол (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Без конкуренција највозбудливиот настап на Африканскиот куп на нации досега го режираа Габон и Буркина Фасо.

По серијата пенали Буркина Фасо стана првата екипа што се пласираше во четвртфиналето – 8:7 (1:1, 1:1, 1:0), делумно благодарение на својот голман Ерве Кофи, кој стигна на насловните страници не само со својата изведба на натпреварот, туку и со начинот на славење на победата.

Ерве Кофи, кој настапува за белгискиот тим Шарлроа, клечеше блиску до линијата додека го чекаше она што се покажа како победнички пенал од неговиот тимски колега Исмахила Уедраого.

И кога топката полета во задниот дел од мрежата обезбедувајќи му го патот на неговиот тим до четврт-финалето, Кофи истрча и изведе шест салта, додека другите од тимот на Буркина Фасо трчаа да му честитаат на Уедраого за неговиот одлучувачки пенал.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ